Непознат човек утрово пукал кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошковски

Фото: Фокус

Таткото на Самоил Костадиновски, (внукот на Љубе Бошковски кој исчезна пред неколку месеци), утринава бил пренесен во болница откако во него од мотор пукало непознато лице, објави „Фокус“. Полициска екипа е на терен, а од МВР за „Слободен печат“ го потврдија настанот. Според официјалните информации од МВР, во 8 часот и 38 минути во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Л.Ј (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Таткото на Самоил Костадиновски нудеше парична награда во замена за информации во врска со неговиот исчезнат син. Полицијата го нема докрај расчистено случајот а Самоил Костадиновски не е пронајден. Истрагата за тој настан е уште во тек. Според информациите, тој последен пат бил виден во близина на амбасадата на Чешка на Водно кога влегол во автомобил заедно со други лица.

Непознатиот човек пукал од мотор во движење во близина на семејната куќа на Костадиновски во населбата Лисиче. Внукот на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски исчезна на 4 март и оттогаш од него нема трага. За грабнувањето на Костадиновски полицијата приведе две лица, но него не успеа да го пронајде.

ВИДЕО | Снежана Јаковлеска тврди: Мојот син нема никаква врска со исчезнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, а полицијата му врши притисок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот