Неопходна мерка: Авиокомпанијата „Квантас“ ќе инсистира на вакцинација на патници пред секој лет

Фото: EPA-EFE/CHARLIE BLISS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ ќе инсистира на вакцинација на странските патници пред летовите, мерка што е опишана како „неопходна”.

– Ги менуваме условите и ќе бараме странските патници да бидат вакцинирани пред летот. Сметаме дека ова е дефинитивно потребно кога станува збор за странските гости и луѓе кои ја напуштаат земјата, изјави извршниот директор Алан Џојс за мрежата на „Канал 9“.

Австралија ги затвори своите меѓународни граници во март, за време на првиот бран на пандемијата, и бара повратниците од странство да останат во карантин две недели.

Австралиската држава Викторија, која беше епицентар на епидемијата во земјата, соопшти дека нема активни случаи на коронавирус, првпат по повеќе од 8 месеци, и на добар пат е да го елиминира вирусот.

Во втората по бројност држава во Австралија, нема нови случаи 25-ти ден по ред, а воспоставени се ограничувања во јавниот превоз и голем број на компании се затворија по врвот на инфекцијата на почетокот на август со повеќе од 700 случаи на ден. Во Викторија беа евидентирани повеќе од 73 проценти од вкупниот број на заразени и 19 проценти од смртните случаи во Австралија.

Во земјата, од почетокот на пандемијата, се пријавени над 27.800 заразени лица и 907 смртни случаи. Како и другите авиокомпании во светот, „Квантас“ скрати 8.500 работни места и приземји над 200 авиони поради драматичен пад на сообраќајот предизвикан од корона-кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот