Принц Ендру / Фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Неофицијален биограф на кралското семејство тврди дека поранешниот принц Ендру вербално и физички го малтретирал персоналот

Книгата на неофицијалниот биограф на кралското семејство Роберт Хардаман, „Елизабета Втора“ открива дека дискредитираниот син на кралицата, Ендру Маунтбатен-Виндзор не само вербално, туку и физички ги малтретирал најблиските соработници на покојната кралица Елизабета Втора кога тие не ги исполнувале неговите наредби, пренесува „Еуро њуз“.

Во книгата се наведува дека поранешниот војвода од Јорк физички го нападнал контраадмиралот и еден од главните повереници на покојната кралица Тони Џонстон-Барт, откако му било кажано дека не може да организира настан во Бакингемската палата.

Еден член на персоналот ја опишал расправијата како „кинетички“ удар што предизвикал шок во кралското домаќинство.

„Тоа беше рутинска работа. Војводата сакаше да организира прием, но немаше простор. Беше толку едноставно. Тони рече дека ќе мора да чека како и сите останати, а војводата го нападна“, изјавил еден висок член на персоналот за Хардаман во извадок од неговата книга „Елизабета Втора“, објавен во серијал во „Дејли Мејл“.

Џонстон-Барт, кој бил надзорник на домаќинството од 2013 година и сè уште работи за кралот, го пријавил инцидентот кај лордот Пил, кој го покренал прашањето пред тогашниот принц Чарлс, а потоа разговарал со својот брат за инцидентот.

Лорд Пил потоа примил повик од Ендру, кој му рекол: „Слушам дека им се јавувате на луѓето и правите проблеми“.

Во друг наводен инцидент во Виндзор, коњушарите од кралските штали јавале некои од коњите на покојната кралица на имотот кога бил забележан автомобил кој се приближувал и „агресивно“ забрзувал.

Хардаман напишал дека автомобилот застанал покрај Ендру и поранешниот принц „извикал“ на возачот: „Кој мислиш дека си?“ и побарал негово име за да го пријави кај покојната кралица.

Книгата исто така опишува и гнев во кралското семејство кога Ендру постапил спротивно на советите и дал интервју со Емили Мејтлис за „Њузнајт“ во 2019 година за неговата поврзаност со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, по што лорд Пил изјавил дека Ендру „имал убедување дека е подобар од сите нас“.

Во јануари 2022 година на Ендру му биле одземени воените должности и правото на користење на титулата Неговото Кралско Височество.

Во меѓувреме, кралот Чарлс Трети му наредил да се исели од резиденцијата во која живеел, а американското Министерство за правда објави документи поврзани со случајот Епстин, во кои Ендру често се споменува и се поврзува со жени кои Епстин ги злоупотребувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот