Неодолив десерт од Јужна Америка ГО ОСВОИ СВЕТОТ: Еве како да го направите овој вкусен чоколаден колач БЕЗ БРАШНО И ШЕЌЕР

profimedia

Овој едноставен и брз чоколаден колач за подготовка доаѓа од Јужна Америка, а го освои целиот свет, погледнете и зошто.

Состојки:

4 јајца
2 портокали
200 грама ореви, бадеми, лешници или кокос
половина лажичка сода бикарбона
100 грама црна чоколада
200 мл неутрална павлака за варење

Подготовка:

1. Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час, потоа варете ги околу половина час додека да омекнат.

2. Сомелете ги добро во блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови, претходно сомелени и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути.

3. На оган сварете ја неутралната павлака па во неа додадете го чоколадодто додека да се растопи. Прелијте го готовиот и малку изладен колач. Разладете го во фрижидер и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот