Марта Кос / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Нема Шенген без да се испотите како за ЕУ“ – Марта Кос со јасна порака до Вучиќ и Рама

Еврокомесарката потенцираше дека Унијата мора да го реформира пристапот кон проширувањето и ги повика земјите членки да излезат со конкретни предлози, особено откако претходните идеи на Европската комисија не добија поддршка.

Лидерите добро знаат што значи влез во Шенген или во заедничкиот пазар, но прашањето е дали се подготвени да го направат тоа што е потребно, порача еврокомесарката Марта Кос, коментирајќи ја идејата на албанскиот премиер и српскиот претседател, пренесе Газета Експрес.

Таа нагласи дека пристапот до Шенген зоната или до единствениот европски пазар подразбира сериозни и комплексни реформи, практично на исто ниво како и условите за полноправно членство во Европската Унија.

Во авторски текст за германскиот „ФАЗ“, Еди Рама и Александар Вучиќ претходно укажаа на бавното темпо на евроинтеграцијата, наведувајќи внатрешни предизвици, геополитички тензии и институционални пречки. Како решение, тие предложија нивните земји да добијат пристап до заедничкиот пазар и Шенген, без да имаат политички права и право на вето како полноправни членки.

Вучиќ и Рама со нов предлог до Брисел: Не инсистираме на членство во ЕУ, туку на влез во единствениот европски пазар и Шенген зоната

Кос, сепак, го отфрли ваквиот пристап. На самитот „Конкурентна Европа“ во организација на „Политико“, таа оцени и дека амбициите на Украина да стане членка на ЕУ до 2027 година се нереални, додека Исланд, според неа, би можел да биде исклучок и побрзо да напредува доколку повторно ги отвори преговорите.

Еврокомесарката потенцираше дека Унијата мора да го реформира пристапот кон проширувањето и ги повика земјите членки да излезат со конкретни предлози, особено откако претходните идеи на Европската комисија не добија поддршка.

Таа потсети дека се разгледуваат три можни насоки – задржување на сегашниот модел, негова измена со цел да се избегне застојот кај кандидатите и т.н. „обратно проширување“.

„Од првичните разговори со земјите членки е јасно дека третата опција не е соодветна… тоа би значело вистинска револуција“, изјави Кос, додавајќи дека ни задржувањето на статус кво не е прифатливо.

Како најреална, таа ја посочи втората опција – постепена интеграција што би го забрзала процесот, но без да се прескокнат клучните реформи што ги бара Унијата.

Невозможно е Украина да стане членка на ЕУ за една година, вели Марта Кос

Еврокомесарката Марта Кос е обвинета дека соработувала со југословенската тајна полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот