Неговата мајка била кралица на убавината – Денес тој е оскаровец, а некогаш режел тутун

Фото: Инстаграм

Џорџ Клуни (59) тврди дека филмот „Batman & Robin“ од 1997 година за малку ќе му ја уништел кариерата, бидејќи луѓето одбивале да соработуваат со него по филмот. Актерот исто така вели дека од филмската индустрија го гледале површно бидејќи тој со години глумел во драмската серија „Итна служба“.

Работите се промениле дури по соработката со режисерот Стивен Содерберг во филмот „Out Of Sight“ од 1998 година.

Фото: Инстаграм

– Стивен имаше неколку свои неуспеси, а јас после „Batman & Robin“ имав потреба од нешто успешно. И двајцата на некој начин бевме притиснати до ѕид. Во тоа време се уште работев на „Итна служба“ и секогаш е тешко од серија да прејдете на филм, раскажа актерот за „The Sun“

Фото: Инстаграм

– По „Batman & Rоbin“ сфатив дека сум одговорен за филм, а не само за изведба. И кога го пронајдов филмот „Out Of Sight“, го повикав Стивен да го режира. Стивен беспрекорно го режираше тој филм и јас всушност направив прекрасна работа со него, изјави Клуни.

Тој вели дека бил благодарен за било која работа која ја нашол. Пораснал во Кентаки, со татко ТВ водител и мајка, поранешна кралица на убавината.

Фото: Инстаграм

– Режев тутун за три долари и 33 центи на час. Едно знаев кога го напуштив Кентаки, а тоа е дека не сакав да бидам режач на тутун. Значи, се над тоа за мене беше одлично. Бев актер кој се бореше 15 години. Благодарен бев за секоја работа која ја добив – тој појасни дека покрај талентот многу е важна и среќата.

Сега Клуни е режисер, продуцент и сценарист. Има четири златни глобуси, два Оскари и награден е со наградата AFI за животно дело.

Фото: Инстаграм

Тој беше прогласен и за најсексипилен маж во светот пред да се ожени за меѓунродната адвокатка за човекови права Амал Аламудин во 2014 година. Парот има близначиња, Ела и Александер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот