Нечев: Заедничкиот регионален пазар во суштина е подготовка за европскиот

Заедничкиот регионален пазар во суштина е подготовка за европскиот пазар, над 80 отсто од трговијата на земјите од регионот се одвива со Европската унија. Прашањето е колкавата е мотивацијата на земјите од Балканот за зголемување на трговијата со европските земји, вели Зоран Нечев од Институтот за демократија „Сосиетас Цивилис“ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ние може да бидеме супер интегрирани внатре во самиот Балкан, но ако тој камион или шлепер што ќе тргне од Скопје веднаш ја мине македонско-српската граница, се ќе биде залудно ако заглави на границата кон Унгарија“, вели Нечев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот