Не сте пробале ваков деликатес: Рецепт за перуански крофни кои се нижат на прсти!

Фото: Профимедиа

Крофните нѐ потсетуваат на детството, на семејните дружби со чаша топло чоколадо или чај, на училишните одмори, кога со сласт уживавме во нивниот вкус. За крофните нѐ врзуваат спомени…

Постојат различни рецепти за овој мек, вкусен десерт, иако основата е иста. Ви предлагаме рецепт за крофни со неверојатен вкус.

Состојки:

– една лажица сув квасец
– една лажичка шеќер
– 1/4 чаша вода
– една лажица мелена пченка или пченкарно брашно
– 1/2 лажичка морска сол
– 1/4 лажичка мелен анасон
– 3 чаши бело брашно
– една чаша квалитетно пиво
– една чаша сварено пире од тиква

За сируп:

– 1-2 чаши кафеав шеќер
– една чаша вода
– 3 парчиња кора од лимон или портокал

Подготовка:

Во помал сад растворете ги шеќерот и квасецот во топла вода, во поголем сад измешајте пченкарно брашно, сол, анасон, една шолја брашно и пиво. Додадете ја смесата од квасецот и измешајте. Потоа, додадете го пирето од тиква и две шолји брашно. Промешајте за да добиете меко тесто.

Покријте со платнена крпа и оставете ја смесата да нарасне на топло место, околу два часа. Можете да ја оставите и во фрижидер да стаса, четири до 12 часа, ако е покриена со фолија. Сите состојки за сирупот сипете ги во тенџере и оставете да зовријат, на средна температура. Намалете ја температурата на минимум и крчкајте околу 15 минути или додека не се направи густ сируп. Тргнете од ринглата.

Потоа загрејте го маслото во вок тава. Сипете неколку лажици тесто во врело масло и пржете ги од двете страни додека крофните не станат крцкаво златни. Кога ќе бидат готови, извадете ги со лажица, исцедете ги на хартиени крпи и послужете ги топли, со исто така топол сируп.

Видео на денот