Не се заморувајте, направете си супербрза вечера: Тортиља со пилешко готова за 20 минути

Доколку сте гладни навечер, а уморни сте од готвењето, тогаш ова е идеалниот рецепт за вас. Брза подготовка, а сепак превкусно.

Состојки:

– 2 тортиљи
– 400 грама пилешко филе
– 1 кромид
– 150 гр пченка шеќерка
– 150 грама грашок
– 150 грама кашкавал
– маслиново масло
– суви билни зачини
– бибер

Подготовка:

На маслиново масло издинстајте го кромидот и пилешкото, па зачинете ги. Во истото тавче загрејте ги тортиљите на кои потоа ќе изрендате кашкавал.

Во подготвеното месо додадете ги киселата павлака, грашокот и пченката шеќерка, па добро измешајте.

Филувајте ја тортиљата со преливот, поклопете ја со друга тортиља. Исечете ги на четвртини и уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот