НЕ ПЛАШИ СЕ, КАЖИ ШТО СЕ СЛУЧИ: Сакаа да му „украдат“ поен на Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на турнирот во Токио против Го Соеда со 2:0 во сетови, но одредени моменти на мечот го налутија првиот светски рекет и веднаш реагираше.

При негово водство од 5:4 во вториот сет, Србинот беше убеден дека ударот на Јапонецот заврши во „аут“, но воедно и го слушна линискиот судија како викна „аут“.

Мислејќи дека сè е во ред Ѓоковиќ не побара видео проверка, но потоа остана во шок кога сфати дека главниот судија не реагираше и побара „челенџ“. Доби одговор дека тоа веднаш мора да се направи.

– Па, еве, сега барам челенџ. Па, немојте да играте такви игри со мене. Еве (објаснува) толку беше „аут“. Беше врева, а таа рече „аут“. Можеби не покажа со рака, но тоа го рече – се обидуваше Ноле дека е во право.

Прочитајте и...  Шаркоски: Наше е да се спремиме, Работнички добро почна со новиот тренер

Главниот судија тогаш го повика детето кое ги собираше топчињата во близина на Ѓоковиќ и го замоли да каже што точно се случило во сомнителниот момент:

– Не плаши се, кажи ми што се случи, дали можеби ти си направил некаква врева?

Кога слушна што имаше детето да му каже, судијата се согласи со Ѓоковиќ дека навистина било „аут“.

Прочитај повеќе

Аусилио: Јанг и Санчез се наши, Лаутаро може да го купите за 111 милиони евра!

Слободен печат

Националната пливачка федерација: Во најбрзо време да ги отворите базените!

Слободен печат

Интервју со Благојче Трајкоски: Силен Еурофарм Пелистер е добро за македонскиот ракомет!

Фидан Коминовски

Управниот одбор на ФФМ одлучи, сезоната продолжува без испаѓање од Првата лига и со баражи за вторите лиги

Слободен печат

Култниот Ф1 тим се продава?

Слободен печат

Вардар поразен и во Лозана: Арбитражниот суд пресуди против „црвено-црните“ во случајот Максимов

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Светот се сеќава на трагедијата на Хејсел: Не тераа да играме додека од страна лежеа мртви луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Лигата на шампионите наместо во Истанбул ќе се игра во Германија

Слободен печат

Северниот сосед ја откажа сезоната во Суперлигата , Србија без шампион

Слободен печат

И Работнички се тестираше на корона пред враќањето на тренинзите 

Слободен печат

Пипен: Највеќе уживав во двете сезони без Џордан

Слободен печат

Словенечкиот судија кој им судеше на Ливерпул и на Сити уапсен за време на оргиите кај Тијана Ајфон

Слободен печат