Ѓоковиќ се „мачеше“ до четвртфиналето во Токио
Најдобриот тенисер на светот ја оправда фаворитската улога, со резултат 2:0 по сетови 6:3 и 7:5 го елиминираше Го Соеда.
Новак Ѓоковиќ продолжи на нешто потежок начин да го „лови“ првиот трофеј во Токио, Соеда на почетокот од мечот беше достоен ривал на популарниот Ноле. Веќе во текот на вториот гем, Јапоанецот имаше три брејк топки, но Србинот го издржа притисокот и го задржа својот сервис.
Тоа само го налути Ѓоковиќ, кој веќе во наредниот поен зошто владее со светскиот тенис и ја реализираше третата брејк можност за водство од 2:1. До крајот на овој дел од играта, Ноле сигурно сервираше и за 41 минута триумфираше со 6:3.
Вториот сет мораше да го освои во тај-брејк, без загубен поен на свој сервис, најпрвин српскиот ас го освои шестиот поен, а последниот 12 гем Ѓоковиќ го одигра шампионски и со три врзани брејк, односно меч топки конечно помина во наредната рунда.
За влез во полуфиналето, во петок наутро по средноевропско време, Новак Ѓоковиќ ќе игра против победникот од мечот помеѓу Лука Пуј од Франција и Јошихита Нишиока од Јапонија.