Најздрави на светот: Единствениот народ без ниту еден случај на рак

Фото: EPA

Стариот народ Хунзи е сместен на самата граница меѓу Пакистан и Индија, а познат е по тоа што нивниот животен век трае меѓу 110 и 120 години. Затоа, нивната татковина се нарекува „оаза на младоста“. Тие речиси никогаш не се болни, а благодарение на нивните гени секогаш изгледаат младолико, пренесува хрватски „Експрес“.

Тие се пример дека речиси идеален начин на живот навистина постои. Тие се капат со многу ладна вода, дури и на температура од 15 степени Целзиусови под нулата, а дури и на 65 години жените можат да имаат деца.

Јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата консумираат суви кајсии, житарки и овчо сирење. Постои период кога Хунзите не јадат ништо, а тој е познат како „гладна пролет“. Името доаѓа така што тогаш овошјето е се уште несозреано, и тогаш исклучиво пијат сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, и тие го сметаат за клучен за нивното здравје и начин на живот.

Фото: EPA

Хунзите внесуваат протеини во најмали можни количини, а дневно во проесек тие внесуваат 1.933 калории, од кои 50 грама протеини, 36 грама на масти и 365 грама на јаглехидрати.

Од искуството на многуте странци кои доаѓаат и кои се преселиле во долината на реката Хунза, тие заклучиле дека главен фактор за нивната долговечност е здравата исхрана.

Шкотскиот лекар Мек Харисон, по враќањето во Англија, го извел експериментот на голем број на животни. Една група се хранела со нормална храна каква што јадат нормалните работнички семејства, кои подразбираат бел леб, харинги, преработен шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група на животни која се хранела со храната на Хунзите останала совршено здрава.

Кинага „Хунзи-луѓето кои не знаат за болести“ на авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот.

– Тоа е вегетарјански начин на исхрана, голема количина на сурови намирници, доминираат овошјето и зеленчукот, природни производи, без никакви хемикалии. Исто така, намирниците се подготвуваат така што се зачувуваат сите нивни биолошки вредни материјали, алкохол и слатки работи не консумираат, а се почитува и редовниот период на „гладување“ – пишува во книгата.

На меѓународниот конгрез за болните од канцер во Париз, во летото 1977 година експертите објавиле дека постои потполно отсуство на рак кое се јавува само кај Хунзите.

За нив пешачењето 20-тина километри дневно е нешто вообичаено, исто како и искачувањето на планините, движење кое им претставува големо задоволство во животот.

Фото:. EPA/OLIVIER MATTHYS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот