Најново истражување за КОВИД-19: Научници пронајдоа траги од вирусот онаму каде што очекуваа

Коронавирусот може да се пронајде во воздухот и во момент кога пациентите не се во собите за изолација.

Научниците од Универзитетот за медицина во Небраска во неделата произлегле со инфорфмации од неодамнешна студија од универзитетот, која опшишува патерни на трансмисија на Ковид-19. Студијата била поткрепена со примероци од вирусот кој го контаминирал воздухот во просториите каде биле сместени пациенти, кога пронашле генетски материјал од коронавиурсот на најчесто употребуваните предмети, во просториите, но и во ходниците.

Марк Руп, Шеф на медицинскиот оддел за инфективни зарази и Џон Лове, м-р и заменик канцелар на Универзетот за медицина во Небраска дискутираат студијата во неделата / Фото: UNMC.edu

Во студијата се користени примероци од воздух во 11 болнички соби во кои била откриена голема концентрација на КОВИД – 19. Научниците анализирале и примероци земени од ходниците надвор од просториите низ кои постојано се движат вработените во болниците, и тука примероците биле позитивни.

„Многу сме внимателни во грижата за пациентите со Ковид-19 и со оние кои се сомнителни на симптоми, и ова истражување не менува ништо од аспект на тоа што луѓето треба да го прават“, изјавил Марк Руп, шеф на медицинскиот оддел за инфективни зарази на Универзетот во Небраска.

Д-р. Руп рекол дека има широкораспространетост на вирусот во одделите за грижа на пациентите и докази дека генетски материјал од коронавирусот може да биде присутен во некои примероци од воздухот, што ја потврдува битноста на дезинфекцијата во овие оддели, додавајќи дека трансмисијата на Ковид-19 е слична на инфлуенцата (грип), а не на сипаниците. Истакнал дека инфлуенцата понекогаш е присутна во воздухот каде пациентите се лекуваат, партиклуларно поврзани со процедури генерирани од аеросол, како интубација или бронхоскопија.

„Изгледа дека не се распространува како класичен, воздушно преносен вирус“, додал тој. „Немаме докази во овој момент дека Ковид-19 би се ширел како таков, па мораме да го третираме и да се бориме како со досега познатите методи на трансмисија.“

Ко-авторот Џон Лове вели дека студијата е направена за да се изнајде начин како подобро да се заштити медицинскиот персонал.

„Не бевме премногу изненадени од резултатите кои ги изнајдовме“, рекол Џон. „Го утврдивме присуството на генетски материјал од вирусот во околината при која има предмети кои многу се допираат – тоалети, телефони, лични предмети, маси, кваки. Идентификуваме и присуство на генетски материјал од вирусот во примероци од воздухот, што ни дава до уште поголемо знаење колкава е вредноста на приоритетизирање на респираторна заштита секогаш кога е возможно“, истакнал Џон.

Коавторот на студијата, Џошуа Сантарпија, вонреден професор за патологија и микробиологија на Медицинскиот центар во Небраска, вели дека оваа студија ќе допринесе за одредување соодветни мерки на претпазливост за здравствените работници и за сите оние кои се грижат за родителите за време на пандемијата со корона вирусот.

Истражувањето исто така ќе помогне да се разбере пренесувањето, а со тоа и да се изнајдат начини за зајакнување на безбедноста и негата за пациентите кои се заразени од оваа болест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот