Најлошите тетоважи на спортистите (ФОТО)

Британскиот таблоид „Сан“ во отсуство на спортски активности поради коронавирусот,одлучи да направи листа на спортисти кои ги имаат најлошите тетоважи.

Апсолутен победник според „Сан“ е парагвајскиот атлетичар Дерлис Ајала.
Ајала имаше обезбедно настап на Олимписките игри во Токио кои сега се одложени за наредната година. Но, пред да биде донесена одлуката за одложување, Парагваецот сакаше обезбедувањето олимписка виза да го овековечи со тетоважа и тој на ногата истетовира „Tokyo 2020“.

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Марсело Брозовиќ на левата рака истетовира емотикон, популарниот „смајли“ како намигнува.
„Не само што својот заштитен знак го истетовира на необично место туку во родната Хрватска итвори кафуле под името Epic Brozo“, пишува таблоидот.

Николас Отаменди е страствен љубител на серии, а својата пасија ја овековечи со неколку тетоважи. Така на неговиот грб се ликовите на Волтер Вајт од „Breaking Bad“, Томас Шелби од „Peaky Blinders“ и на Рагнар Лодброк од „Vikings“.

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам на своето тело има околу 40 тетоважи, а на „Сан“ не му се допадна таа што ја има на главата.


На листата на најлоши тетоважи се наоѓа и таа на српскиот фудбалер Урош Витас кој на стомакот го истетовира лицето на својата сопруга Андријана, само без цртите на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот