Најдобриот топол сендвич на сите времиња: Вкусен, крцкав и полн со фил – мора да го пробате! (ВИДЕО)

Нема личност која не сака богат сендвич без оглед дали за појадок или вечера, а некојпат дури и за ручек. Овој рецепт е полн погодок.

Состојки: 8 кришки тост лебче, излупен и исецкан домат, 50 гр сецкани маслинки, 100 гр чајна кобасица, 100 грама димени пилешки гради, 150 гр кашкавал, 2 лажици мајонез помешани со 1 лажица павлака, малку масло.

Состојки за преливот: 2 јајца, 2 лажици павлака, 30 мл млеко, малку сол.

Намастете го тавчето и наредете 4 парчиња леб, премачкајте со павлака и мајонез, прекријте со рендан кашкавал, ставете ги маслинките и доматот, потоа ставете ги и пилешките гради и чајната кобасица, а потоа повторете го процесот на редење на состојките изоставувајќи ги саламите. Одозгора треба да ги ставите уште четирите парчиња тост леб. Изматете ги сите состојки за преливот, посипете прелу лебчињата и печете на 180 степени 10-15 минути. Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот