Надал удри во организаторот: Ова е опасно, ние не сме фудбалери
Бранителот на трофејот се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, грен слем турнирот на кој досега победуваше неверојатни 12 пати.
Надал во четвртфиналето го победи Јаник Синер во три сета со 7:6,6:4,6:1 и си закажа полуфинална пресметка со Диего Шварцман кој пак го победи Шпанецот на Мастерсот во Рим.
Иако е во полуфиналето, Рафаел Надал не е задоволен од организаторот, односно од условите за игра на Ролан Гарос.
– Нрмално, не е идеално кога вашиот меч ќе заврши во 1.30 часот по полноќ, но проблемот е времето. Многу е ладно за игра. Да бидам искрен, премногу е ладно, зарем не? Знам дека фудбалерите играат во вакви услови, но ова е поинаку. Тие се постојано во движење и мислам дека е опасно за телото да се игра во вакви услови – порача Надал.
Нареден противник на Надал на грен слем турнирот во Париз ќе му биде Аргентинецот Шварцман кој игра одлично во последно време и веќе го победи Шпанецот на турнирот во Рим.
– Полуфиналето ќе претставува голем предизвик. Шварцман одигра одлично против еден од најдобрите тенисери на денешницата, Доминик Тим. Има голема самодоверба која ја донесе од Рим каде исто така имаше одличен настап. Ќе играм најдобро што можам и ќе се обидам да го наметнам својот стил на игра, да бидам агресивен. Се надевам дека ќе успеам во тоа – изјави Надал.
„Ролан Гарос“: Шварцман славеше во маратонскиот меч против Тим! (ВИДЕО)