Надал нема да ја брани титулата на „УС Опен“

EPA-EFE/WILL OLIVER

Најдобриот шпански тенисер одлучи поради пандемијата на коронавирус да не настапи оваа година на грен слем турнирот во САД.

Рафаел Надал преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека нема да игра на „УС Опен“ кој успеа да го освои минатата година.

Ова ќе биде првиот грен слем без Федерер и Надал уште од 1999 година. Рафа не се чувствува сигурно и го откажа учеството поради Ковид-19.

После многу размислување одлучив да не играм на УС Опен. Здравствената ситуација во целиот свет е комплицирана поради коронавирусот и моментно ништо не е под контрола. Веќе четири месеци не се игра тенис и тоа е лошо. Исто така дознавме и дека нема да се игра ниту во Мадрид. Ова е одлука која не ја донесов лесно, но го послушав срцето и одлучив дека во овој момент не можам да патувам – напиша Надал на „Твитер“.

Според најавите „УС Опен“ ќе се организира во периодот од 31 август до 13 септември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот