Дефинитивно откажан Мастерс турнирот во Мадрид!

фото: твитер

Иако се најавуваше дека ќе биде одржан кон средината на септември, истиот е откажан поради лошата ситуацијата со пандемијата на коронавирус во шпанскиот главен град.

Мастерсот во Мадрид требаше да биде последна проверка за најдобрите тенисери пред грен слем турнирот „Ролан Гарос“ кој е закажан од 27 септември до 11 октомври 2020 година.

Немаме избор освен да го откажеме турнирот поради комплексната ситуација која ја создава коронавирусот во секој поглед.

После новиот зголемен број на заразени, пред неколку дена се објавени нови мерки во борбата против коронавирусот, а тие вклучуваат директиви бројот на собири на едно место да се намали на 10 луѓе во јавноста и затворени простори, што додатно ја намали профитабилноста на турнирот – стои во соопштението.

Тениската сезона беше во прекин од март, а оваа недела продолжи со турнирот во Палермо во женска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот