Надал игра сè подобро на Вимблдон, во три сета го реши Сонего

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон откако во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего.

Надал за нешто повеќе од два часа игра славеше со 6:1,6:2,6:4 и си закажа пресметка со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп кој пак беше подобар од ветеранот Ришар Гаске.

Интересно е што Надал годинава нема пораз на гренд слем турнирите, тој триумфираше на Австралија Опен и на Ролан Гарос, а вечерва го одигра најдобриот меч на Вимблдон победувајќи во максимални три сета за перфектни 17-0 на гренд слем турнирите.

Шпанецот доминираше во првите два сета, а потоа организаторот одлучи во третиот сет при резултат 4:2 за Шпанецот да го затвори Централниот терен иако му требаа само два гема за триумф.

Паузата подобро му дојде на Сонего кој успеа да направи брејк и да израмни на 4:4, но Надал брзо се созеде направи брејк и го завери пласманот во осминафиналето.

Пласман во следната рунда обезбеди и Ник Кирјос кој во фантастичен меч успеа да го елиминира четвртиот носител Стефанос Циципас во четири сета и тоа со 6:7,6:4,6:3,7:6. Нареден противник на Кирјос ќе му биде Брендон Накашима кој го солвада Галан Риверос со 3:0 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот