На Боки 13 му се влошило здравјето, во болница е и може да му прават операција

боки 13 бојан јовановски
Бојан Јовановски-Боки 13 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, е хоспитализиран во Градската болница „Св. Наум Охридски“ објави „А1он“. Лекарите размислуваат да г ооперираат поради влошената здравствена состојба, тврди неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Јовановски има хронични здравствени проблеми со желудникот, а ова не е првпат од затвор да биде префрлен и задржан на болничко лекување.

Од полуотвореното одделение, каде беше сместен по пресудата, сега, по издржување на скоро половина од казната – тој е преместен во затворениот дел на затворот, односно старата зграда.

Директорот Шпенд Тахири одлуката за преместување ја донел само четири дена откако беше поставен на функцијата, но ниту на Јовановски, ниту на адвокатскиот тим, не им ги кажал причините, објави претходно А1 он.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот