Мото ГП: Квартараро е новиот светски шампион во „кралската“ класа

Фабио Квартараро (Јамаха) е првиот Французин со светска титула во „кралската“ класа/Фото: EPA-EFE/DAVIDE GENNARI

На четири круга пред крајот се случи пад на Франческо Бањаја во Мизано, што му помогна на Квартараро кој заврши како четвртопласиран.

Францускиот возач на „Јамаха“, Фабио Квартараро стана светски шампион во најсилната класа во Мото ГП шампионатот.

Победа во Мизано оствари Марк Маркез, Пол Еспаргаро беше втор, додека Енеа Бастианини во последниот круг дојде до третата позиција.

На четири круга пред крајот се случи пад на Франческо Бањаја во Мизано, што му помогна на Квартараро кој заврши како четвртопласиран.

За последен пат во Италија возеа двајца легендарни мотоциклисти, Валентино Роси и Данило Петручи.

Петручи ја заврши трката уште на самиот почеток кога со Жоан Мир излета од патеката, а Роси својата последна трка на домашен терен ја заврши на 10 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот