Мото ГП: Бањаја со рекорд и пол позиција во Сан Марино

Бањаја стигна до третиот „пол“ оваа сезона, 10-ти во кариерата /Римини, Сан Марино/18 септември 2021/Фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Франческо Бањаја ќе стартува од првата стартна позиција на Големата награда на Сан Марино во класата Мото ГП. Италијанскиот ас на доминантен начин дојде до најдобриот резултат во квалификациите, во кои блескаа возачите на „Дукати“.

Бањаја стигна до третиот „пол“ оваа сезона, 10-ти во кариерата, со рекорд на патеката „Мизано“ во Римини – 1:31.065 мин.. Претходниот го држеше Пол Еспаргаро од 2020 година – 1:31.077.

„Црвената армија“ на Дукати во првиот ред ќе ја комплетира второпласираниот Џек Милер, а на третото место, откако падна во последниот круг, остана Фабио Квартараро, водечкиот на светскиот шампионат.

Пред Квартараро, во обидот да го надминат времето на Бањаја, во песокот завршија Марк Маркез и Алеш Еспаргаро.

Во вториот стартен ред во 14 трка оваа сезона ќе има уште два „Дукати“, Хорхе Мартин и Жоан Зарко, а нив ќе ги придружува Пол Еспаргаро.

Шпанците ќе стартуваат во третиот ред, Марк Маркез, Алеш Еспаргаро и Алекс Ринс, а во четвртиот Маверик Вињалес, Жоан Мир и Енеа Бастијанини.

Моментно кај возачите во генералниот пласман води Квартараро со 214 бодови, пред Бањаја (161), а трет е Мир со 157.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот