Монфилс го елиминираше Медведев, Ѓоковиќ повторно број 1 во светот

Новак Ѓоковиќ би можел повторно да игра на „Австралија опен“/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Кратко траеше епизодата на Данил Медведев на врвот на АТП листата, после изненадувачката елиминација на „Индијан Велс“.

Новак Ѓоковиќ од 21 март повторно ќе биде најдобар тенисер на светот благодарение на победата на Гаел Монфилс против Медведев.

На српскиот ас му беше потребно Русинот да не стигне до четвртфиналето на Мастерс турнирот во Калифорнија за да ја преземе првата позиција, што и се случи.

Французинот Монфилс триумфираше после пресврт во рамките од третото коло и така го враќа Ноле на светскиот врв.

Од понеделник Ѓоковиќ ќе ја започне 362 недела на врвот на АТП, ќе има 8,465 бодови, вкупно 55 повеќе од Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот