Изненадување на Индијан Велс, Монфилс подобар од првиот носител Медведев

Гаел Монфилс го изненади фаворитот и прв носител на Индијан Велс, Данил Медведев/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Францускиот тенисер Гаел Монфилс приреди големо изненадување во третото коло на мастерсот во Индијан Велс победувајќи го најдобриот светски тенисер, Данил Медведев. Монфилс до триумфот дојде по два часа и седум минути и тоа со 4:6,6:3,6:1.

Првиот сет беше решен во деветтиот гем кога Медведев ја искористи првата брејк топка и потоа со сигурен сервис дојде до 4:6 и водство од 0:1 во сетови.

Во вториот сет, Монфилс беше подобар тенисер, во првиот гем не успеа да искористи брејк топка, но пропуштеното го надополни во четвриот гем кога поведе со 3:1. Медведев експресно направи ри-брејк, но

Французинот во осмиот гем повторно прави брејк кој го потврди со сигурен сервис и тоа значеше израмнување на 1:1 во сетови.

Во третиот сет, Монфилс целосно доминираше, имаше 75 отсто успешност на прв сервис, имаше 42 отсто упешни ретерни на сервис на Медведев и со три брејка ја потврди победата над првиот носител на Индијан Велс.

Следен противник на Монфилс во Индијан Велс ќе му биде Шпанецот Карлос Алкараз кој му дозволи на Баутиста Агут да освои само два гема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот