Модно ремек дело за кое ќе се зборува со години: Меланија во зелен фустан кој ги фрли во сенка сите нејзини најубави изданија досега (ФОТО)

Додека Американците полимизираат за многу аспекти на личноста и кариерата на Доналд Трамп и неговата сопруга, едно на Меланија не може да и се оспори – таа е една од најдобро облечените први дами во историјата.

Фото: Профимедиа

Пред Белата куќа беше одржана четвртата ноќ од Републиканската национална конвенција, на која Доналд Трамп ја прифати кандидатурата од Републисканската партија за нов мандат.

Фото: Профимедиа

Сите погледи, сепак, и покрај Трамп и неговите ќерки Иванка и Тифани, беа вперени во американската прва дама, која оваа вечер се појави во една од најдобрите модни комбинации во која досега сме ја виделе.

Фото: Профимедиа

Педесетгодишната Меланија, имено, ги воодушеви сите појавувајќи се во фустан од модната ќука Валентино, и тоа во модел со боја на лимета кој може да се опише само со еден збор – величествен.

Фото: Профимедиа

Станува збор за плисирана тоалета, затворена околу вратот, без ракави, пресечена под градите, и украсена со многу ефектен црвен кожен ремен.

Фото: Профимедиа

Како што пишува британскиот „Express“, цената на овој фустан изнесува вртоглави 3.250 фунти, односно повеќе од 4.300 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот