Ново научно и книжевно-критичко дело од Иван Антоновски е објавено во „Матица македонска“
Книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија …

