ММФ укажува: Години ќе бидат потребни за економска санација на последиците од ковид-19

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19 трае подолго отколку што се очекуваше и за некои држави ќе бидат потребни години за нивните економии повторно да растат, изјави денеска првиот заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Џефри Окамото.

Тој на средбата во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон потсети дека Фондот издвоил 90 милијарди долари за итно финансирање на речиси 80 држави, но, исто така, продолжува да работи со земјите-членки за спречување на пандемијата и нејзините последици.

– Ние сакаме да ја зачуваме својата финансиска моќ. Ќе бидат потребни неколку години да се вратиме на растот и на многу држави ќе им биде потребна поддршка на патот, нагласи Окамото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот