Фото: Профимедиа

Млада жена од тетовско ја испразнила сметката на нејзиниот татко, потрошила 700.000 денари

28-годишна жителка на тетовско лани со месеци трошела пари од банкарската сметка на нејзиниот татко, без негово знаење, при што потрошила близу 700.000 денари, соопшти полицијата.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(28) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие“ и „злоупотреба на платежна картичка“. На 12.08.2024, нејзиниот татко пријавил дека при проверка на својата трансакциска сметка во банка, вработен во банката го информирал дека на неговата трансакциска сметка има 25.590 денари, иако требало да има 720.000 денари. Од доставениот извештај од банката била утврдена злоупотреба на неговата платежна картичка во периодот од 12.08.2023 до 03.01.2024, каде преку апликација, парични средства биле префрлени на социјална мрежа од страна на пријавената, која ги знаела неговите податоци“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот