Министерство за земјоделство: Очекуваме забраната за извоз на масло за јадење да биде укината од Србија

img alt
Зејтин / Принтксрин-Јутјуб

По веста што предизвика загриженост во јавноста дека Србија не ја укина забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење за Македонија, од Министерството за земјоделство смируваат дека е разговарано со српската влада и дека се очекува укинување на забраната во текот на неделава.

– Во врска со одлуката на Република Србија за забраната и за Северна Македонија за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Р. Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи и на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење, и таа се очекува да се донесе следната недела – изјавија од Министерството за земјоделство.

Во Македонија најголем производител на рафинирано од нерафинирано сончогледово масло за јадење е фабриката „Брилијант“ и компанијата бара нови добавувачи, се разговара со Украина, Бугарија, Унгарија…

И компанијата „Благој Ѓорев“ произведува масло за јадење, но од сончоглед, а не од нерафинирано масло. Делумно, производството е од домашен сончоглед, но мал дел. Комапнијата со години нуди семе и договорно производство, но нема доволно заинтересирани земјоделци за одгледување на сончоглед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот