Милевски го објави списокот на играчи за мечевите со Ерменија, Исланд и Романија

Новиот селектор Милевски ќе го има дебито против Ерменците во Скопје/Фото: ФФМ

Денеска новиот селектор на македонската А репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за следните три квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство Катар 2022.

На 2 септември во Скопје против Ерменија ќе биде дебито на Милевски на клупата, три дена подоцна ќе се соочиме со Исланд во Рејкјавик, а на 8 септември сме домаќини на Романија.

Селекторот Милевски повика 26 фудбалери за трите мечеви. Тодор Тодоровски, Никола Серафимов и Бојан Миовски за прв пат добиваат повик во А репрезентацијата. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев и Дејан Илиев. Поради повреда сеуште е неизвесно доаѓањето на Аријан Адеми, а под знак прашалник е приклучувањето на тимот на Бобан Николов.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија),  Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 29. август во хотел „Хилтон“ во Скопје. Првиот тренинг според програмата е на 30. август во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот