„Меурот“ во Њујорк е с**ње, се крши протоколот

epa06758272 Noah Rubin of the United States returns a ball to Fabio Fognini of Italy during their second round match of the Geneva Open tennis tournament in Geneva, Switzerland, 23 May 2018. EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Американскиот тенисер Ноа Рубин ги критикуваше организаторите на УС Опен за безбедносни пропусти.

Рубин е револтиран од организаторите бидејќи вчера се појави првиот случај на коронавирус во „меурот“ во Њујорк. Организаторите на УС Опен кој стартува денеска објавија дека Беноа Пер е позитивен на коронавирус со што донесе паника меѓу тенисерите и тенисерките бидејќи францускиот тенисер престојуваше во хотелот во кој се најголем дел од останатите играчи.

– Со нас во хотелот е само персоналот, но проблемот е во тоа што многумина од нив секоја вечер си одат во своите домови, а не престојуваат во него. И наредниот ден можат да ни го донесат вирусот. Идентичен е и случајот со луѓето кои не носат со автобусите до терените. Која е поентата да спиеме во изолирани хотели доколку сите не се изолирани. Неверојатно – изјави Рубин.

Организаторите го убедувале Рубин дека луѓето кои немаат допир со играчите, а кои се дел од организацијата носат маски надвор од „меурот“.

Паника пред стартот на УС Опен, француски тенисер позитивен на коронавирус

Сепак, Рубин не е задоволен бидејќи Пер е веќе заразен, а дури 11 луѓе меѓу кои и четворица француски тенисери Ришар Гаске, Адријан Манарино, Грегоар Барер и Едуар Роже-Васлан биле во контакт со заразениот сонародник. Сепак, тие нема да заминат во карантин, но ќе мора да бидат негативни на тестовите пред да им биде дозволено да ги напуштат собите.

– Тениската федерација на САД изјави дека е подготвена за првите позитивни случаи на коронавирус. Но, јас не мислам дека ја зборуваат вистината. Тие што беа во контакт со Пер мораа да потпишат нов протокол според кој нема да имаат пристап на некои места, но сепак ќе имаат право да настапат на УС Опен. Ова е апсурдна ситуација, мислам дека само поради тоа што во тие 11 лица нема некој врвен тенисер, УС Опен не е откажан – додава Рубин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот