Паника пред стартот на УС Опен, француски тенисер позитивен на коронавирус

epa08246535 Benoit Paire of France reacts during his first round match against Marin Cilic of Croatia at the Dubai Duty Free Tennis ATP Championships 2020 in Dubai, United Arab Emirates, 25 February 2020. EPA-EFE/ALI HAIDER

На помалку од еден пред стартот на грен слем турнирот во Њујорк, организаторот доби најлоша можна вест, позитивен на ковид-19 е Беноа Пер.

Организаторот на УС Опен непосредно пред стартот на турнирот кој ќе се игра без публика, денеска го доби првиот тенисер позитивен на коронавирус. Французинот Беноа Пер е позитивен на ковид-19, пренесуваат светските медиуми.

Ова е првиот позитивен случај на коронавирус кај играч кој престојува во „меурот“ на УС Опен, односно е сместен во хотелот резервиран за тенисерите и тенисерките. Пер исто така е прв тенисер кој е позитивен на ковид-19, а досега имаше еден случај на позитивен тест кај помошниот персонал во „меурот“ на УС Опен.

Беноа Пер својот настап на терените на Флешинг Медоуз требаше да го започне во вторник против Полјаков Камил Мајцржак, но тој ќе биде заменет со шпанскиот тенисер Марсел Гранолерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот