Меган сака да работи само со врвни режисери, другите улоги се под нејзино ниво

инстаграм

Меган Маркл одлучи да се врати на актерството, но сака да работи само со режисерите од А-листата за да добие улога по која критичарите ќе ја сфаќаат сериозно.

Поранешната ѕвезда од серијата „Суитс“ е загрижена дека критичарите ќе бидат особено груби кон неа откако ќе се врати пред камерите, па затоа сака да биде сигурна дека на својот прв актерски проект по откажувањето од кралските обврски ќе има режисер од „вистински калибар“.

Иако досега добила многу понуди, Меган смета дека повеќето од нив се „излитени и под нејзино ниво“, велат изворите.

View this post on Instagram

❤️❤️❤️ @meghanmarkle_official

A post shared by Meghan Markle ? (@meghanmarkle_official) on

„Меган му стави до знаење на својот тим дека ќе работи само со режисери на А-листата, но тоа не мора нужно да значи дека и тие ќе сакаат да работат со неа. Тоа би можело да биде долготраен и мачен процес, бидејќи Меган сака да го контролира секој аспект од каков било проект на кој работи“, изјави изворот за „Дејли мејл“.

Инаку, Хари и Меган во март се преселија од Ванкувер во Лос Анџелес, а многумина веруваат дека причината е желбата на Меган да се врати на актерскиот свет. Нејзината прва работа по осамостојувањето беше документарецот на Дизни за слоновите, во кој таа го позајми својот глас, а кој излезе на 3 април.

Инаку, Меган и Хари станаа официјално независни на 1 април оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот