Меган Маркл сака нејзината биографија да излезе што побрзо: Светот мора да слушне што се преживеав!

Profimedia
Profimedia

Иако издавањето на нејзината биографија е најавено за август, Меган сака тоа да се случи што побрзо…

Меган Маркл сака биографијата за нејзиниот и животот на принцот Хари да излезе што побрзо. Таа мисли дека книгата конечно ќе го открие вистинското лице на кралското семејство, а на нив ќе им овозможи чист почеток.

„Пронаоѓање на слободата: Хари и Меган, создавање на модерно кралско семејство“ – биографијата која ја напиша новинарот Омид Скоби и Каролин Дуранд, треба да излезе на 11 август 2020 година.
Меѓутоа Меган (38) сака да ги забрза работите, а тоа го потврди и еден нејзин пријател:

„Да може Меган, таа би ја објавила книгата утре, а не за три месеци. Таа смета дека книгата ќе стане бестселер, и дека луѓето ќе сфатат зошто тие немаа друг избор од тој да го напуштат кралското семејство“.

„Меган сака читателите да сфатат дека нејзиниот живот не е бајка, да видат каква личност е таа всушност и да ја оттргне онаа слика за себе дека е дива која бара премногу“, додаде изворот.

„Меган верува дека оваа книга ќе им овозможи чист почеток на неа и Хари. Луѓето конечно ќе сфатат низ што се поминала таа, и дека сето тоа било далеку од бајка. Сака луѓето да видат колку таа е ранлива и што се проживеала кога влегла во кралското семејство“, вели нејзиниот пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот