Медведев се откажа од турнирот во Русија, отворен патот на Ѓоковиќ до првото место

Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се големи ривали, но уште поголеми пријатели/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Рускиот тенисер Данил Медведев одлучи да го откаже настапот на АТП турнирот во Москва во неговата земја.

На негово место во главната жрепка ќе се најде Мајкл Имер. Турнирот во Москва ќе се организира од 18 до 24 октомври.

Медведев на „Индијан Велс“ претрпе неочекуван пораз од Григор Димитров со 2:1 во сетови и тоа после голем пресврт.

После тој пораз стана јасно дека нема да ја прекине низата на Ѓоковиќ на првото место на АТП листата барем до 22 ноември и му даде голема шанса на Србинот да остане на таа позиција и на крајот од годината.

Русинот ќе ја искористи оваа пауза за одмор, а неговиот следен настап се очекува да биде на Мастерсот во Париз, на кој би требало да учествува и првиот светски рекет.

Покрај тој турнир, до крајот на годината, финалистите од „УС Опен“ се очекува да бидат дел и од завршниот Мастерс во Торино.

Неочекувана вест: Новак Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во Торино?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот