Димитров го остави Ѓоковиќ на првото место на АТП ранг-листата

Медведев загуби во Индијан Велс и остана без можност да се искачи на првото место на АТП Ранг листата/ фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Бугарскиот тенисер Григор Димитров приреди вистинско изненадување во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го првиот носител Данил Медведев и го остави Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП ранг-листата.

Димитров славеше со 4:6,6:4,6:3 и тоа со пресврт. Медведев со брејк на почетокот од мечот го доби првиот сет, а во вториот сет имаше предност од 4:1 и кога изгледаше дека рутински ќе дојде до победата, се случи неверојатен пад во играта на Русинот.
Димитров освои осум гема по ред, а 10 од наредните 11 и дојде до голема победа над Медведев.

Во четвртфиналето во Индијан Велс се пласира и Александер Зверев кој за нешто повеќе од еден час игра со 6:1,6:3 го победи Гаел Монфилс и во следната рунда ќе игра против Тејлор Фриц кој пак беше подобар од Италијанецот Јаник Синер со 6:4,6:3.

Третиот носител Стефанос Циципас исто така се пласира во осминафиналето откако во 6:7,7:6,7:6 беше поуспешен од Алекс де Минор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот