Неочекувана вест: Новак Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во Торино?!

Новак Ѓоковиќ не би требало да има проблеми да учествува годинава на „Ролан Гарос“/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Првиот тенисер на АТП ранг-листата е пријавен за настап на Мастерсот во Париз, но италијанскиот весник „Тутоспорт“ пишува дека Ѓоковиќ сериозно размислува да го прескокне завршниот Мастерс кој треба да се одржи во Торино.

„Тутоспорт“ неделава на насловната страница објави „Синер ќе игра на завршниот Мастерс“, а во текстот весникот пишува дека италијанскиот тенисер ќе настапи наместо Новак Ѓоковиќ.

Според „Тутоспорт“, Ѓоковиќ размислува по настапот во Париз да ја заврши сезоната и да ги наполни батериите за наредната сезона во која главна цел ќе биде да го собори рекордот по бројот на освоени грен слем титули, засега Новак, Рожер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20 триумфи на најпрестижните тениски турнири.

Повеќе од еден месец се шпекулира за Ѓоковиќ и на кои турнири ќе настапи, а кои ќе ги пропушти. Новак одлучи да не игра на Мастерсот во Индијан Велс, се пријави за Мастерсот во Париз (1.11-7.11), а сега „Тутоспорт“ пишува дека српскиот тенисер нема да игра на последниот турнир годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот