Икс апликација ново лого на Твитер / Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Маск најавува аудио и видео повици на „Икс“: Платформата ќе биде како телефонски именик

Милијардерот Илон Маск, најави дека корисниците на социјалниот медиум „Икс“,  наскоро ќе можат да остваруваат онлајн аудио и видео повици, пишува „Ројтерс“.

Функцијата ќе биде достапна за корисниците на сите паметни телефони, а ќе биде достапна и на компјутерите. Маск вели дека, платформата „Икс“ ќе биде како голем телефонски именик.

Оваа новина на Илон Маск, следи по неговата најава дека „Икс“ ќе стане апликација за сè. Овие апликации се особено популарни во Кина, каде што корисниците ја користат апликацијата „Ви чет“ („WeChat“) и за разговор и за парични трансакции.

Со воведување видео и аудио повици, Маск ќе влезе на пазарот каде конкуренцијата е веќе голема. Меѓу другите, оваа функција веќе ја нудат и апликациите „Ватсап“ („Whatsapp“), „Фејсбук“(„Facebook“) и „Месинџер“(„Messenger“), а ја нуди и „Епл“ („Apple“), преку услугата „Фејстајм“(„Facetime“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот