Манчестер обоен во „сино“, Сити на крилјата на Де Брујне го нокаутира Јунајтед

Кевин де Брујне му донесе нова победа на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерите на Манчестер сити шампионски одговорија на вчерашната победа на конкурентот за титулата Ливерпул, и во дербито на 28 коло во Премиер лигата го декласираа Јунајтед.
Манчестер сити славеше со 4:1 над Манчестер јунајтед и повторно има шест бода повеќе во однос на Ливерпул, кој пак има и натпревар помалку.

„Граѓаните“ доминираа во најголем дел од натпреварот, иако играчите на Манчестер јунајтед имаа свои шанси во првото полувреме кога и го постигнаа единствениот гол.
Херој на Сити беше Кевин де Брујне кој ги постигна првите два гола за својот и асистираше при постигнување на третиот гол.


Пеп Гвардиола настапи со речиси најсилниот состав, додека на спротивната страна Ралф Рангник не можеше да смета на повредените Рафаел Варан и Лук Шо кои се позитивни на коворнавирус, додека Кристијано Роналдо е повреден, но медиумите шпекулираат дека одбил да биде резерва.

Домашните фудбалери одлучно го почнаа натпреварот и преку Де Брујне поведоа во петтата минута. Јунајтед не беше премногу опасен, но мајсторијата на Џејдон Санчо во 21 минута беше доволна за израмнување на резултатот.

Шест минути подоцна Де Брујне му носи ново водство на Сити и со резултат 2:1 се замина на одмор.
Во второто полувреме, „граѓаните“ доминираа и во 68 минута по одлично изведениот корнер на Де Брујне, погоди Ријад Марез за 3:1. Конечниот резултат го постави Марез откако од ВАР собата беше потврдено дека фудбалерот на Манчестер сити не бил во офсајд.

По победата Сити иа 69 бода, додека Манчестер јунајтед има 22 бода помалку и се наоѓа на петтото место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот