Мала забава со најблиските – Вака водителката Лила го прослави својот роденден! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата водителка Лила Филиповска во скопски ресторан направи прослава по повод својот 50-ти роденден. Таа всушност организираше роденденски ручек со цел да ги испочитува мерките, а воедно да го прослави својот роденден.

Филиповска го прослави роденденот во впечатлив фустан со реси, истакнувајќи ја нејзината негувана фигура, а како што може да се забележи на фотографиите и видеата што ги сподели со нејзините следбеници, насмевката ниту за момент не ја тргна од лицето.

View this post on Instagram

Драги другари утре ми е роденден ама бидејќи утре сум на снимање… денес правам роденденски ручек со најблиските пријатели, по сите правила и прописи …. нема журка , нема забава ќе оставиме за некои поубави времиња. За сѐ се погрижија @restaurantdion ❤️. . За роденденскиот look како и секогаш се погрижија моите другари од @elenaluka_official @elenaluka_private ❤️❤️❤️ За шминка и фризура мојот @vladimirtrajkovski ❤️ Накит : @ador_gold ❤️ Останете ми здрави и безбедни ❤️❤️❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Иако секоја година роденденот го прославува со голема журка, овојпат поради ситуацијата со коронавирусот, Лила го прослави само со нејзините најблиски.

Покрај нејзиниот син Филип, на роденденскиот ручек таа повика и неколку пријатели, новинарот Зоки Фаци, нејзиниот асистент Спасе, а 50-ката ја овековечија со фотосесија која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Среќен роденден Лила!

Погледнете дел од атмосферата…

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот