Македонските одбојкари во Беверен го запишаа првиот триумф во Европската златна лига

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Во саботата најдобрата македонска одбојкарска репрезентација на турнирот во Беверен, Белгија, триумфираше со 3:0 во сетови против Азербејџан во рамките од Европската златна лига.

По двата стартни порази во Струмица од Естонија и Чешка, избраниците на селекторот Хари Наковски го запишаа првиот триумф во натпреварувањето.

Нашите најдобри одбојкари доминираа во сите три сета, освојувајќи ги првите два со ист резултат 25:17, а третиот со 25:18.

За нашата селекција најефикасни со по 15 поени беа Филип Савовски и Никола Ѓоргиев, а на спротивната страна Андреј Мелников имаше 13 поени.

Вториот меч Македонија во Беверен ќе го има в недела од 15.00 часот против домаќинот Белгија.

– До денешната победа дојдовме малку неочекувано лесно, сепак ние бевме малку претпазливи, се подготвувавме малку повеќе за овој натпревар. За нас беше тежок периодот да мораме да го победиме Азербејџан и да покажеме дека имаме поголем квалитет. Се надевам дека со иста ваква игра ќе одговориме и во квалификациите за ЕП – изјави селекторот по мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот