Македонскиот репрезентативец Николов ја продолжува кариерата во Швајцарија

Фото: facebook.com/nikolovristo

Како што и нашиот одбојкар, Ристо Николов одлучи од следната натпреварувачка сезона да ги брани боите на швајцарскиот клуб Биогас Волеј Нафелс.

Клубот има амбиции на домашната сцена да стигне барем до полуфиналето и се надеваат дека заедно со македонскиот репрезентативец ќе ги остварат целите.

Искусниот среден блокер (30) вели дека одлучил да игра за оваа екипа бидејќи беше најсериозната понуда.

– Тука сум да му помогнам на тимот да ја подобри позицијата на табелата и зошто да не ја освои шампионската титула – вели Николов за клупскиот сајт.

Претходно успеа да освои двојна титулата со екипата на Џио Струмица. Воедно како што објавивме во текот на вчерашниот ден дека Николов е меѓу 24 одбојкари на списокот на селекторот Николиќ за подготовките за ЕП 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот