Македонија на дијамантскиот јубилеј на Кан: Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите филмови

Кански филмски фестивал
Кански филмски фестивал / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Ќе бидат прикажани три играни, како и најновиот каталог со сите нови филмски проекти од 2021 и 2022 година и филмови во развој на филмскиот маркет од 17 до 25 мај 2022 година на Павилјонот на Југоисточна Европа, кој традиционално е посетен од многу гости и професионалци од филмската индустрија, претставници на националните филмски центри и агенции.

На 23 мај ќе бидат прикажани „Мими“, во режија на Даријан Пејовски и продукција на Скопје Филм Студио со хрватска (Максима филм) и косовска копродукција (Во мојата земја). „Мими“ е психолошка драма за девојка, која потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија.

Започна снимањето на психолошката драма „Мими“ (ВИДЕО)

Кома“ во режија на Агим Абдул и продукција на Галактика Пиктурес е втората селекција. Приказната во филмот „Кома“ е за двајца пријатели кои се среќаваат по подолго време и се сеќаваат на своите спомени. Едниот доживува несреќа, а другиот се обидува да му помогне. Филмот, во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агенцијата за филм, 23 милиони денари.

ВИДЕО | Абдула: Се гордеам со целата екипа – очекувам „Кома“ да биде успешен филм

Третиот филм кој ќе биде прикажан е „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и во продукција на ДНФ филм во копродукција на Лилит (Србија). Станува збор за проблематична тинејџерка која ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.

Започнува со снимање долгометражниот филм, психолошката драма, „Преекспонирано“ (ВИДЕО)

Краткиот филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски (Сузи Кју продукција) е селектиран во Каталогот на Канскиот филмски маркет за кратки филмови. Проекцијата во рамките на филмскиот маркет ќе се одржи на 26 мај 2022 година.

„Шеќерни луѓе“ е приказна за Филип и Елена. Еден ден, додека со својот џип чека на раскрсница случајно ја забележува Елена, 29-годишна девојка, како нешто зборува во својот диктафон. Тоа го привлекува вниманието на Филип кој почнува да ја следи низ скопските улици и во еден ресторан за пецива, каде што таа оди да појадува. На масата на која Филип седнува му пристапува Елена и го прашува зошто ја следи. Меѓу нив се развива разговор полн со взаемна привлечност, и решаваат да поминат одредено време заедно. При разделбата, Филип ја прашува дали сака да се видат повторно следниот ден. Елена се колеба, и оставаат на судбината дали повторно ќе се сретнат, стои на официјалната станата на Агенција за филм.

Воедно, продуцентката Марија Димитрова е избрана меѓу 20-те „Producers on the Move“, програма на „European Film Promotion“, меѓународна мрежа за филмска промоција каде Агенцијата за филм е членка. Воедно, режисерката Дина Дума ќе биде присутна во резиденцијалната програма „Residence du Festival“ која се одржува во соработка со француското „CNC“, каде на 18. мај ќе го презентира новиот проект во развој „Skateboarding is not for girls“.

Интервју со Дина Дума, режисерка на „Сестри“: Филмот е инспириран од вистински настани од моите тинејџерски години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот