Започна снимањето на психолошката драма „Мими“ (ВИДЕО)

-Мими се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.“ – изјави режисерот Даријан Пејовски.

На улицата “Димитрие Чуповски”, точно наспроти Гимназијата Јосип Броз Тито, беше одбележан почетокот со снимањето (т.н. Прва клапа) на новиот долгометражен игран филм “Мими” во режија на Даријан Пејовски, а во продукција на Скопје Филм Студио. Снимањето на филмот ќе трае до 16 ноември и е планирано да се реализира на повеќе локации во Скопје.

Режисерот на филмот, Даријан Пејовски истакна дека „Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје.

-Мими се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. „Мими“ е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите“  изјави Даријан Пејовски.

Продуцентот Томи Салковски зборуваше за предизвикот да се снима филм во услови на светска пандемија.

-И покрај ситуацијата со Ковид-19 во која се наоѓаме, Агенцијата за филм продолжи континуирано да поддржува проекти од национален интерес, придонесувајќи кон одржувањето во живот на нашата филмска фела и сите филмски работници кои се дел од неа – изјави Томи Салковски.

Главната улога Мими, ја игра Наталија Теодосиева која нагласи дека оваа драма е показател за безнадежноста во која живеат младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот