Започнува со снимање долгометражниот филм, психолошката драма, „Преекспонирано“ (ВИДЕО)

Режисерката Елеонора Венинова на крајот на неделава во Скопје и во Охрид ќе почне да го снима својот прв долгометражен филм „Преекспонирано“, по нејзино сценарио, во продукција на Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“.

Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото.

-Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости. Ова е сижето за новиот македонски игран филм.

Продуцентот, Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“ за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ вели дека неодамна, „Преекспонирано“ ја доби поддршката од Европскиот фонд за поддршка на кинематографијата „Еуроимаж“.

-Драго ми е дека успеваме, и во овој период на затишје за македонскиот филм поради пандемијава, да ги направиме финалните подготовки.. Имаме одлична екипа, која не само е професионална туку и строго се придружува на протоколите за заштита и верувам дека ќе се движиме според нашиот план. Локациите се веќе одбрани, а филмот, освен препознатливите пејзажи крај Охридското езеро, ќе го содржи и урбаниот дел на градот – ова е современа приказна – вели Кралевски.

Целиот разговор проследете го видеото во прилог: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот