Македонија има европски вицешампион во карате, сребро за Басаров во Тампере

Басаров не загуби ниту еден поен во Тампере, на крајот „сребрен“/Фото: kfm.com.mk

Младите македонски каратисти настапија на првиот ден од 48 Европско првенство во карате што се одржува во Тампере, Финска, каде што се натпреваруваат околу 1000 млади каратисти од 45 држави.

Првиот ден беа натпреварите за кати поединечно и во борби за кадети. Најдобар пласман оствари Андреј Басаров во категоријата 70+ килограми кој освои сребрен медал.

Во првото коло беше слободен, во второто го победи Гркот Екторас Пергантис со 2:0, во третиот круг го победи Романецот Алексанру Гулас со 3:0, во четвртото коло го победи Грузиецот Дугладѕе Тимоте со 1:0. Во финалето за златниот медал против Нихад Каримзада заврши 0:0, а потоа судиите одлучија победник да биде претставникот од Азербејџан по нивно уверување.

Иљи Биљали, беше многу блиску до медал, но заврши на петтото место. Во категорија -57 килограми Биљали во првото коло беше слободен, во второто загуби од Унгарецот Бенсе Девени со 0:1 но доби шанса во репасаж, затоа што противникот се пласираше во финалето. Во репасажните борби Биљали со 10:0 го победи Нико Форстингер од Лихтенштајн, потоа и Романецот Раду Карбонеану со 4:0, но во мечот за бронзен медал минимално поразен со 0:1 од Хрватот Доминик Соње.

Пласман на 7 место оствари Александар Неделковски, кој во У21 или помлади сениори дојде до третата фаза во кати. Во првата рунда од елиминациите имаше резултат од 24,80 поени, во втората 23,32 поени, а во борба за медали 23,88 поени. Нијанси го делеа од пласман на петтото место, каде што Словакот Павел Солар имаше 23,92 поени, а освојувачот на бронзен медал Раул Ромеро од Шпанија 24,64 поени.

Идентичен пласман имаше и кадетката Данка Стојкова, која мина две фази во својата конкуренција и на крајот се пласира на седмото место. Таа имаше 21,88 поени во првиот настап, потоа 23,66 во вториот, а во третата фаза заврши со резултат 22,08 поени.

Другите наши натпреварувачи завршија без позначаен пласман. Утре и во недела се натпреварите за јуниори и У21, како и екипните настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот