Мадона го прослави 62-от роденден со чинија полна марихуана (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Kралицата на поп-музиката Мадона го прослави својот 62 роденден на Јамајка, а како што и доликува и на една „кралица на скандалите“ таа за својот роденден објави фотографија на која држи чинија полна со марихуана и џоинт во устата.

Нејзината објава повторно предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а доведе и до спротивставени коментари во јавноста.

Но сепак, многубројните фанови, со задоволство ја искористија приликата да и го честитаат роденденот.

Мадона доцна синоќа објави неколку фотографии од својата роденденска забава во Јамајка, каде што беше со својот тим, своето мошне помладо момче и со семејството.

Покрај тоа, таа објави и фотографија на која држи чинија полна со марихуана заедно со две пакувања ризли, а на истата фотографија позира и таа со џоинт во устата. Под оваа фотографија Мадона напиша… Добредојдовте во Јамајка.

Погледнете ја забавата…

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот