Лукашенко потпиша нов закон со големи ограничувања за медиумите во државата

Новиот закон им забранува на медиумите да известуваат за неовластени масовни настани во живо. Исто така, му овозможува на Министерството за информации да затвори медиум, мерка за која досега се бараше судска пресуда. Нормативниот акт исто така забранува објавување на резултати од неовластено истражување на јавното мислење. На новинарите им е забрането да учествуваат во протести.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој строго се ограничува дејноста на медиумите во државата и им се дозволува на властите да ги затворат без судски налог.

Новиот закон им забранува на медиумите да известуваат за неовластени масовни настани во живо. Исто така, му овозможува на Министерството за информации да затвори медиум, мерка за која досега се бараше судска пресуда. Нормативниот акт исто така забранува објавување на резултати од неовластено истражување на јавното мислење. На новинарите им е забрането да учествуваат во протести.

– Ова е најрепресивниот закон за медиуми во Европа, со кој работата на новинарите во Белорусија се претвора во минско поле, изјави Андреј Бастунец, претседател на Белоруската асоцијација на новинари.

 Белоруските власти го потврдија апсењето на Роман Протасевич, еден ден откако принудија патнички авион со опозициски новинар да слета во земјата.

Инцидентот беше осуден од Западот и уште еднаш привлече внимание за репресиите на белоруските власти врз медиумите по протестите во земјата против реизборот на претседателот Лукашенко во август.

-Протасевич е во истражен затвор во затвор во центарот на главниот град Минск, изјави вечерва портпаролка на Министерството за внатрешни работи и ги отфрли како лажни тврдењата на мајката на Протасевич до белоруските опозициски медиуми дека нејзиниот син бил хоспитализиран во Минск заради проблеми со срцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот