Фото: Профимедиа

Луѓето имаат недостиг од овие пет клучни витамини, предупредува лекар

Освен ако не јадеме совршено урамнотежена исхрана и не се придржуваме строго до неа, големи се шансите да имаме недостиг на некоја форма на витамини или минерали.

Еминентниот доктор д-р Марк Хајман сподели информации за некои вообичаени недостатоци на витамини на кои треба да се внимава и храна која треба да се јаде за да се обезбеди оптимално здравје.

Витамин Ц

„Витаминот Ц учествува во синтезата на колаген, антиоксидантна заштита и имунолошка функција, ја подобрува апсорпцијата на железо и ја поддржува митохондријалната функција“, објаснува д-р Хајман за „Вог“.

Се препорачува внесување до 1.000 mg дневно со помош на храна како што се портокали, лимони, бобинки, пиперки и брокула.

Витамин Д

Особено е тешко да се избегне недостаток на витамин Д, особено помеѓу септември и април, кога сончевата светлина не е толку достапна.

„Одржувањето на здрави нивоа е важно бидејќи витаминот Д овозможува апсорпција на калциум, раст на коските и имунолошка функција, а студиите го поврзуваат неговиот недостаток со сезонски афективни нарушувања и депресија“, истакнува докторот.

Најдобар начин да се обезбеди доволно ниво на витамин Д е изложувањето на сончева светлина, а масни риби, збогатени млечни производи, печурки и јајца исто така го содржат, иако е тешко да се внесе доволно само преку исхрана.

„Затоа суплементацијата е клучна“, вели д-р Хајман.

Националната здравствена служба (НХС) на Британија препорачува 600 IU дневно, но повеќето експерти препорачуваат значително повеќе. Доктор Хајман советува внесување од 5.000 IU дневно.

Витамин Б12

Луѓето кои не јадат месо се склони кон недостаток на витамин Б12. Б12 е важен за здравјето на нервното ткиво, функцијата на мозокот и производството на црвени крвни зрнца.

„Исто така, ја поддржува синтезата на ДНК и помага во спречување на анемија. Одлични извори се рибата, месото, живината, млечните производи и јајцата“, вели докторот, препорачувајќи 1.000 микрограми метилкобаламин (активна дополнителна форма на Б12) дневно.

Витамин Б9

Лиснат зелен зеленчук, мешунки, аспарагус, цвекло, портокали и други агруми се богати со витамин Б9, познат и како фолна киселина. Тој е клучен за синтезата и поправката на ДНК, клеточната делба и формирањето на црвените крвни зрнца и игра важна улога во здравјето на мозокот и менталната благосостојба. Доктор Хајман препорачува 400 микрограми дневно.

Витамин Б3

„Витаминот Б3, познат и како ниацин, учествува во поправка на ДНК, реакции на стрес и метаболички процеси. Помага во претворањето на хранливите материи во енергија и придонесува за регулација на холестеролот“, објаснува д-р Хајман.

Ја поддржува и функцијата на нервниот систем и ни помага да се чувствуваме енергично и добро. Ова е причината зошто треба да јадеме живина, риба, посно месо и цели зрна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот