Луѓето кои работат од дома се подложни на опасни болести – Еве како природата може да го спречи тоа

Фото: Unsplash

Долгиот престој во домот за време на изолацијата, ограниченото движење и едноличната исхрана, секако водат до проблеми со варењето, односно со дигестивниот систем, а сето тоа влијае на менталното здравје. Овие проверени народни лекови се здрави, па доколку се чувстувате дека ви недостига енергија, обидете се со зеленчукот и овошјето. Бидејќи чекањето може само да ја влоши ситуацијата, доколку чувстувате дека симптомите се влошуваат и покрај здравата исхрана, задолжително консултирајте се со лекар.

Морков и цвекло

Истурете половина килограм моркови и сирово цвекло во емајлирана шерпа. Прелијте со зовриена вода и додадете грст сечкани суви кајсии или суво грозје. Варете кратко, додадете лажичка мед и оставете да отстои неколку часа. Кога ќе се излади, исцедете и пијте по половина чаша.

Сок од зелка

Ако ве мачи киселина, исцедете сок од свежа зелка. Пијте по половина чаша два пати на ден, сè додека непријатноста не се повлече.

Кисело млеко и мед

Измешајте кисело млеко, мед и ореви. Овој свежо-благ оброк е одлична замена за пецивата кои најчесто ги фаворизираме како брза и лесна опција за доручек. Чашата полна со овие три супер здрави состојки богати со протеини, здрави омега 3 масти, витамини и други нутритивни вредности ќе ви озможи одлично расположение до наредниот оброк.

Цимет

Препознатлив по својата арома и сладок вкус, циметот го подобрува варењето на храната. За да го забрзате метаболизмот, во шолја топла вода додадете една лажичка мелен цимет и две лажички мед, промешајте добро и пијте наутро половина час пред појадок и навечер пред спиење.

Млака вода и лимон

Сокот од лимон е здрав природен лаксатив. За регулирање на варењето на храната, измешајте 1 лажичка сок од лимон и шолја млака вода. Пијте наутро пред појадокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот